Пронајдете го Вашето решение
Што сакате да организирате подобро?
Изберете ја областа што Ви е потребна, разгледајте ги решенијата и отворете детали или закажете демо за конкретниот производ.
Малопродажба
За продавници со баркод, фискална каса и повеќе начини на наплата. Организирајте ги артиклите, продажбата и извештаите за секојдневното работење.
Магацин и каса — големо и мало
За фирми што работат на големо и мало. Поврзете ги магацинската евиденција, фактурирањето и продажбата преку фискална каса во еден систем.
Угостителство
За кафулиња, ресторани, пекари и објекти со брза услуга. Организирајте ги нарачките, масите и наплатата, со електронско мени и модули според потребата.
Финансии, материјално и плати
Модуларно решение за сметководствени бироа и фирми. Изберете FI, MA и LD според евиденциите што ги водите, во рамки на една лиценца.
Главна книга и финансии
За финансиски евиденции, партнери, салда, обврски и побарувања. Проверувајте го работењето преку извештаи и аналитики по период, партнер или документ.
Материјално и магацинско работење
За артикли, магацини, приемници, испратници, калкулации и залихи. Наменето за материјално работење без малопродажба и фискална каса.
Пресметка на плата
За евиденција на вработени и месечна пресметка според поставените параметри. Организирајте ги пресметките, извештаите по период и архивата на документи.
Производство и рецептури
Надградба за работа со норми, рецептури и составни артикли. Раздолжувајте суровини автоматски според зададениот состав при продажба или производство.
Транспорт и автопревозници
За тури, транспортни документи, фактури, возила и возачи. Водете трошоци, гориво и потсетници и проверувајте извештаи според Вашиот транспорт.
Сервис на возила
За автосервиси и компании со сопствен возен парк. Организирајте работни налози, сервисна историја, делови, трошоци и потсетници по возило.
Теретани и фитнес центри
За членови, членарини и RFID влез и излез. При чекирање проверете фотографија и важност на членството, а посетите следете ги преку извештаи.
Продажба и контрола на билети
За онлајн и локална продажба во централна база, избор на седишта каде што има нумерација, автоматска испорака по е-пошта и QR/баркод валидација.