Поддршка за DIGITSOFT® и ИТ системи

Нешто не работи како што треба? Кажете ни што се случува.

Порака што не ја разбирате, задача што не можете да ја завршите или уред што не реагира? Почнете со опис на проблемот — не мора однапред да ја знаете причината.

Обратете ни се за помош при користење на DIGITSOFT®, софтверски проблеми, компјутерски уреди или мрежно поврзување. Ќе го разгледаме случајот и ќе го договориме соодветниот начин на помош.

Ви треба насока за користење? И прашањето е добар почеток.

По телефон

032 388 355078 853 013

По е-пошта

info@digit.mk

Испратете опис на прашањето.

Преку формата

Побарај поддршка

Наведете и контакт за одговор.

За што можете да ни се обратите

Прашање за софтверот или проблем со опремата?

Кажете ни кој дел од работењето е засегнат. Така полесно ќе утврдиме кои информации се потребни и како да продолжиме.

DIGITSOFT® и софтвер

Помош при користење, прашања за секојдневните задачи или софтверска порака што Ви го прекинува текот на работата.

Наведете кое решение го користите и во кој чекор се појавува проблемот.

Софтверски решенија

Компјутери и уреди

Проблем со вклучување, бавен систем, инсталација или потреба од дијагностика, поправка и одржување.

Опишете го уредот и симптомите што ги забележувате при работа.

Дијагностика и поправка

Мрежи и поврзување

Проблем со мрежното поврзување, пристапот до системот или користењето на мрежата во Вашиот објект.

Кажете дали проблемот се појавува на еден уред или на повеќе места.

Мрежи и HotSpot

Подгответе ја пријавата

Неколку конкретни детали помагаат повеќе од „не работи“.

Не е потребен технички опис. Напишете што сакавте да направите и што се случи наместо очекуваното.

Ако има порака на екранот, наведете го нејзиниот точен текст. Додајте кога започнал проблемот и дали се повторува.

Опиши го проблемот
  • Каде се појавува?

    Назив на софтверот, уредот или делот од мрежата.

  • Кои чекори ги правите?

    Што отворате или внесувате пред да се појави проблемот.

  • Што точно се случува?

    Порака, однесување на системот и кога сте го забележале.

  • Како да Ве контактираме?

    Име, компанија и телефон или е-пошта за одговор.

Пред да ни се обратите

Неколку корисни одговори.

Не знам дали проблемот е во софтверот или во уредот.

Опишете што гледате и која задача се обидувате да ја завршите. Не мора самите да ја одредите причината за да побарате помош.

Дали е можна помош од далечина?

За софтверски проблеми е можна далечинска поддршка, зависно од случајот. Контактирајте нè прво за да го договориме пристапот и следните чекори.

Што ако е потребна посета или сервис?

Ако е потребна интервенција кај Вас или сервис на уред, ќе го договориме начинот на постапување. Опфатот на поддршката зависи од потребната услуга и Вашиот договор.

Може ли да прашам за користење или надградба?

Да. Наведете кое DIGITSOFT® решение го користите и која задача сакате да ја извршувате или олесните. Ќе ги разгледаме потребите и можните следни чекори.

Контактирајте го тимот на Дигит

Не мора да ја знаете причината за да го направите првиот чекор.

Опишете ја ситуацијата и оставете контакт. Од таму ќе го започнеме разговорот за потребната помош.

Што се случува и како можеме да Ви помогнеме?

Наведете го софтверот или уредот, чекорите што ги правите и пораката што се појавува. Оставете телефон или е-пошта за да можеме да Ве контактираме за следните чекори.

Адреса

Сутјеска бр.48/4, Штип 2000 МК

Телефони

+389 32 388 355

+389 78 853 013

Е-маил

info@digit.mk