Дополнителни модули и опции
Почнете од Вашиот тек на работа. Додавајте според потребата.
Производство, финансии, повеќе локации или дополнителни уреди? MAPOS се надградува според обемот и начинот на работа. Активирајте ги опциите што Ви се потребни.
Производство / Рецептури (PROD)
Додадете норми, рецептури и автоматско раздолжување за пекари, производство или фирми со составни артикли. На демото разгледајте го текот според Вашето производство. Повеќе за PROD.
Дигитално потпишување и испорака по е-пошта
Потпишувајте фактури, испратници и други PDF документи со Token и испраќајте ги автоматски до клиентот со еден клик. На презентацијата погледнете ја постапката за документите со кои работите.
Cloud / VPN пристап и повеќе локации
Додадете пристап и преглед од далечина и поврзување на повеќе локации преку Cloud / VPN. Кажете ни како Ви се организирани објектите за да ја разгледаме конфигурацијата.
Картички (120/220) — долгови и побарувања
Водете салда по купувач или добавувач, отворени ставки, рокови и извештаи. Со дополнителен апдејт е достапен и импорт и книжење на банкарски изводи, каде што е применливо. Оваа можност ќе ја разгледаме според потребната конфигурација.
Поврзување со финансии (FI)
Додадете автоматско книжење во главната книга и поврзување со сметководството преку DIGITSOFT® FI. На демото разгледајте ја комбинацијата според Вашите евиденции. Повеќе за FI.
Пресметка на плата (LD)
Кога Ви е потребна и обработка на плати, додадете DIGITSOFT® LD. Подготовката на фајл за МПИН се разгледува според потребата, форматот и конфигурацијата. Повеќе за LD.
Автоматски сигурносни копии и архива
Вклучете резервни копии по распоред и архива на документи. Поставувањето се договара како дел од конфигурацијата што ја користите.
Дополнителни печатни позиции и уреди
Проширете ја поставеноста со принтери, POS печатари, скенери и дополнителни каси според потребите. На презентацијата ќе го разгледаме потребниот број позиции и уреди.