DIGITSOFT® TAF

DIGITSOFT® TAF — софтвер за транспорт и автопревозници

Камионите се на пат. Дали податоците Ви се на едно место?

Која тура е завршена? Кој документ недостига? Колкави се трошоците по возило? Кога секој одговор бара јавување, белешка или друга евиденција, прегледот на работењето станува уште една обврска.

Со DIGITSOFT® TAF организирајте ги турите, документите, фактурите, возилата и трошоците на едно место. Проверувајте го работењето преку извештаи по возило, возач или тура. На демото ќе тргнеме од начинот на кој работи Вашата транспортна компанија.

DIGITSOFT® TAF

Од тура и документи до фактура и преглед.

Организиран тек за Вашиот транспорт.

  1. Организирајте ја туратаРелации, товарења и статуси
  2. Подгответе ги документитеCMR, налози и фактури
  3. Проверете го работењетоТрошоци, гориво и извештаи
Погледнете го текот на демо
  • 18+години искуство
  • Туриналози и документи
  • Возилавозачи и рокови
  • Трошоцигориво и анализа

Едно или повеќе возила — секоја тура носи документи и трошоци.

Работите домашен или меѓународен транспорт? Имате потреба од евиденција на гориво и сервиси, појасен преглед на документите или следење на фактурирањето и наплатата? Кажете ни како ги организирате турите и возниот парк. Ќе Ви покажеме конфигурација според Вашиот обем на работа.

Основна лиценца

Помалку пребарување. Појасен преглед на секојдневниот транспорт.

Тури, документи, комитенти и возен парк — основната лиценца ги организира клучните евиденции за Вашето работење.

Тури и транспортни документи

Која тура е во тек и каде се нејзините документи?

Евидентирајте релации, товарења, истоварења и статуси. Креирајте и архивирајте CMR, налози, патни налози и товарни листови според Вашата форма или шаблон.

Фактурирање и комитенти

Турата е завршена. Подгответе го следниот чекор.

Водете купувачи и добавувачи, адреси, услови и прегледи по партнер. Издавајте фактури и поврзани документи според конфигурацијата и Вашиот начин на работа.

Возила, возачи и потсетници

Кој рок е следен за возилото или возачот?

Водете евиденција за возила, приколки, возачи и основни податоци. Користете потсетници за регистрација, технички преглед, осигурување, документи за возачи и други рокови.

Трошоци, сервиси и гориво

Колкави се трошоците зад завршените тури?

Евидентирајте трошоци по возило, возач или тура и чувајте историја на сервиси. Внесувајте и следете потрошувачка на гориво по возило или возач, по потреба, со споредби и анализа.

Пресметки и исплата за возачи

Како ја пресметувате исплатата за Вашите возачи?

Водете евиденција и пресметки според Вашите правила — фиксно, по тура, со дневници или друг договорен начин. На демото ќе го разгледаме моделот што го користите.

Извештаи и анализа

Возило, возач или тура — кој преглед Ви треба?

Разгледајте извештаи по возило, возач, период, комитент, тура или трошок. Побарајте на демото да го видите токму прегледот што најчесто го подготвувате во работата.

Дополнителни модули и опции

Додајте го она што го бара Вашиот обем на работа.

Подетална контрола на трошоци, сервисен модул или повеќе локации? Дополнителните опции се активираат според потребите на Вашата транспортна компанија.

Напредна евиденција на трошоци

Додадете детални категории, аналитики и споредби по возило, возач или тура. На презентацијата разгледајте го нивото на деталност што Ви треба за контрола на работењето.

Напредна логика за гориво

Проширете ја евиденцијата со интерни пумпи, внесови, просечна потрошувачка и контрола. Кажете ни како го евидентирате горивото за да ја разгледаме поставеноста.

Сервисен модул (SV)

Додадете сервиси, работни налози, историја и потсетници по возило преку сервисниот модул. Повеќе за SV.

Дигитално потпишување и испорака по е-пошта

Потпишувајте документи со Token и испраќајте ги со еден клик. На демото разгледајте го текот на потпишување и испорака за документите со кои работите.

Картички (120/220) — долгови и побарувања

Водете салда по комитент, купувач или добавувач, отворени ставки, рокови и извештаи. Со дополнителен апдејт е достапен импорт и книжење на банкарски изводи, каде што е применливо.

Cloud / VPN пристап и повеќе локации

Додадете пристап и работа од далечина и поврзување на повеќе локации преку Cloud / VPN. Ќе го разгледаме поставувањето според организацијата на Вашата фирма.

Автоматски сигурносни копии и архива

Вклучете резервни копии по распоред и архива. Поставувањето се договара како дел од конфигурацијата што ја користите.

Повеќе корисници и работни позиции

Организирајте повеќе корисници и работни позиции, со улоги и пристапи според потребите. Кажете ни како работи тимот за да го утврдиме потребниот опфат.

Погледнете дел од екраните во TAF.

Отворете ги приказите од програмата, а на демото побарајте да го поминеме Вашиот тек на работа.

Прикажи ги екраните од програмата (9)

Конфигурација според Вашиот транспорт.

Цената се формира според активната лиценца и активните модули. Кажете ни со колку возила работите, како ги водите турите и кои опции Ви се потребни — ќе предложиме конфигурација според реалните потреби.

Од поставување до почеток со работа — со наша помош.

Почетната конфигурација и стартот на системот се вклучени во лиценцата и не се наплаќаат дополнително. Кога е потребна лична посета и поставување во објектот, тие се наплаќаат одделно. На презентацијата ќе го разгледаме потребниот опфат.

Изберете една тура. Да го поминеме целиот тек.

Од налог и транспортни документи до фактура, трошоци и извештаи — побарајте демонстрација насочена кон задачите што секојдневно ги работите.

Закажи демо

Наши клиенти

Дел од транспортните компании и автопревозниците што работат со DIGITSOFT® TAF. На демото разгледајте како решението може да се постави за Вашиот начин на работа.

Кој дел од транспортното работење сакате прво да го олесните?

Турите, документите, фактурирањето или трошоците? Напишете ни како работи Вашата компанија и што Ви одзема најмногу време. Ќе го насочиме демото кон Вашиот транспорт.

Закажи демо

Веќе знаете што Ви треба? Побарај понуда.

Адреса

Сутјеска бр.48/4, Штип 2000 МК

Телефони

+389 32 388 355

+389 78 853 013

Е-маил

info@digit.mk