Основна лиценца
Членови, важност и посети — проверете на едно место.
Основната лиценца ги опфаќа евиденцијата на членовите, членарините, RFID влезот и излезот, визуелната проверка и извештаите.
Евиденција на членови
Кој е членот што пристигна?
Водете основни податоци, статус, белешки и историја за членовите. Имајте ја потребната евиденција при рака кога членот ќе дојде на рецепција.
Членарини и периоди
Нова уплата? Продолжете ја истата картичка.
Дефинирајте дневни, неделни или месечни периоди според Вашиот модел на работа. При обнова, продолжете ја важноста на истиот RFID таг или картичка, без повторно издавање.
RFID влез и излез
Членот се чекира. Рецепцијата добива преглед.
Евидентирајте влез и излез со RFID таг или картичка. Контролата на пристап се води според платениот период, со јасен увид дали членарината е активна.
Фотографија и важност на екран
Дали картичката одговара на членот пред Вас?
При чекирање, на екранот веднаш се прикажуваат фотографијата на членот и периодот на важност. Рецепцијата добива визуелна идентификација и информација до кога важи членарината.
Контрола на истекување
Кои членства се активни, а кои се истечени?
Проверувајте ги активните и истечените членства преку евиденцијата во GYM. Кога Ви треба проверка на важноста, отворете го прегледот и погледнете го периодот.
Посети, извештаи и статистика
Каков е протокот во Вашиот фитнес центар?
Разгледајте посети, активни членови и истекувања по ден, месец, година или избран период. На демото побарајте да го видите прегледот што најчесто Ви е потребен за организација на објектот.