Дополнителни модули и опции
Почнете со магацинот. Додавајте според потребата.
Производство, долгови и побарувања, финансии или работа од далечина? Активирајте ги модулите што Ви се потребни според начинот на работа на Вашата фирма.
Производство / Рецептури (PROD)
Додадете норми, производство и автоматско раздолжување преку модулот PROD. На демото разгледајте го текот според производството што го водите. Повеќе за PROD.
Картички (120/220) — долгови и побарувања
Проверувајте салда по купувач или добавувач, отворени ставки, рокови и извештаи. Со дополнителен апдејт е достапен и импорт и книжење на банкарски изводи — оваа можност ќе ја разгледаме според потребната конфигурација.
Поврзување со главна книга (FI)
Поврзете го материјалното работење со главната книга преку DIGITSOFT® FI. На презентацијата ќе ја разгледаме комбинацијата според евиденциите што ги водите. Повеќе за FI.
Пресметка на плата (LD)
Кога Ви е потребна и пресметка на плата, разгледајте го дополнителниот модул DIGITSOFT® LD. Изберете ја комбинацијата според потребите на фирмата. Повеќе за LD.
Дигитално потпишување и испорака по е-пошта
Додадете дигитално потпишување документи со Token и испорака по е-пошта. На демото разгледајте како изгледа постапката за документите со кои работите.
Cloud / VPN пристап
Кога Ви треба работа од далечина, изберете конфигурација со Cloud / VPN пристап. Ќе го разгледаме начинот на пристап според организацијата на Вашата фирма.
Автоматски сигурносни копии и архивирање
Вклучете ја опцијата за автоматски сигурносни копии и архивирање. Поставувањето се договара како дел од конфигурацијата што ја користите.
Повеќе корисници и работни позиции
Кога во системот работат повеќе луѓе, конфигурацијата може да опфати повеќе корисници и работни позиции. Кажете ни како е организиран тимот за да го утврдиме потребниот опфат.