DIGITSOFT® POS

DIGITSOFT® POS — софтвер за малопродажба

Кога има ред пред касата, секој чекор се брои.

Барање артикли, проверка на цени, наплата, па извештаи на крајот од денот. Кога продажбата оди преку повеќе неповрзани чекори, персоналот губи време, а Вие потешко добивате јасен преглед.

Со DIGITSOFT® POS организирајте ги артиклите, продажбата и наплатата на едно место. Работете со баркод и фискални уреди, а кога Ви треба информација, отворете го соодветниот извештај. На демото ќе го поминеме текот на продажбата според начинот на работа на Вашата продавница.

DIGITSOFT® POS

Од артикл до сметка.

Еден тек. Јасен преглед.

  1. Изберете го артиклотБаркод, артикли и цени
  2. Завршете ја продажбатаНаплата и фискална сметка
  3. Проверете го работењетоПромет и извештаи
Прикажано чекор по чекор на демо
  • 18+години искуство
  • Баркодартикли и наплата
  • Извештаипромет и продажба
  • Модулиспоред потребите

За продавници во кои нема време за непотребни чекори

Маркет, бутик, продавница за техника, книжарница, аптека или друг специјализиран објект — асортиманот е различен, но на каса Ви треба прегледност. Кажете ни како продавате, со кои уреди работите и колку наплатни точки имате. Ќе Ви покажеме конфигурација според Вашата работа.

Основна лиценца

Продажбата е завршена. Информациите остануваат достапни.

Основната лиценца е наменета за малопродажни објекти што работат со фискална каса. Ова се клучните активности што ги организирате преку DIGITSOFT® POS.

Продажба и наплата

Помалку рачни чекори додека клиентот чека.

Работете преку компјутер со баркод читач, фискални уреди и термални принтери. Затворете ја сметката со соодветниот тип наплата — готовина, картичка или интерно плаќање.

Артикли, групи и цени

Кога се менува цена, знајте каде да ја промените.

Внесувајте и менувајте артикли, групи и цени преку програмата. Одржувајте ги податоците прегледно, за персоналот полесно да дојде до потребниот артикл при продажба.

Пари во каса

На крајот од денот, проверувајте — не реконструирајте.

Евидентирајте влез и излез на пари во каса и користете ги предвидените контроли. Контролниот и дневниот финансиски извештај Ви даваат основа за проверка на работењето.

Извештаи за продажбата

Што се продава и преку која наплатна точка?

Разгледајте го прометот по артикли, корисници, групи и тип на наплата. Вкрстените извештаи помагаат да ги проверите информациите што Ви се важни, без рачно собирање податоци од повеќе места.

Корисници и права

Секој нека има пристап според својата улога.

Поставете права за администратор и продавач според организацијата на објектот. Одделете ги активностите на каса од административните промени и задржете појасна контрола врз пристапот.

Извоз на извештаи

Ви треба извештај и надвор од програмата?

Зачувајте ги извештаите во PDF, Excel или Word за понатамошен преглед и обработка. На демото побарајте да го видите токму извештајот што најчесто Ви треба.

Дополнителни модули

Почнете со основата. Додавајте таму каде што Ви треба.

Магацин, фактурирање, етикети или повеќе наплатни точки? Изберете според начинот на работа на Вашиот објект. Дополнителните модули се активираат во рамки на лиценцата и се наплаќаат само ако се вклучени.

Продажба на правни лица (фактурирање)

издавање фактури/испратници/понуди, печатење и архивирање.

Дигитално потпишување + испорака по e-mail (Token)

потпишување PDF документи со дигитален сертификат и автоматско праќање до клиент со 1 клик, со архива и евиденција.

Интеграција со e-ceni.mk

автоматска синхронизација на артикли и цени (внес/корекција во програм → ажурирање на e-ceni.mk).

Материјално / магацин (за големо и/или мало)

приемници, испратници, попис, материјални картици, анализи и извештаи (за објекти што имаат магацинско работење).

Производство / Рецептури (PROD)

норми, производство и автоматско раздолжување

Картички (120/220)

Долгови и побарувања – салда по купувач/добавувач, отворени ставки, рокови и извештаи. Со дополнителен апдејт: импорт и книжење на банкарски изводи (каде е применливо).

Back Office

анализа на профит – извештаи од аспект на разлика во цена и профит, по групи, добавувачи, продавачи…

Декларации / етикети

печатење налепници и етикети + забрзана продажба со баркод.

Работа во мрежа

повеќе наплатни точки, централизирана база и контроли (според лиценца/конфигурација).

Cloud / VPN

пристап до системот од далечина и работа/увид според договор.

Поврзување со финансиско работење (DIGITSOFT® SMETKO)

автоматизации кон FI/главна книга и книги (по потреба).

Сервисни налози (услужни дејности)

модул за сервис/работни налози (компјутерски сервис, мобилари, автосервис…).

Сигурносни копии

автоматски backup на база по распоред (дневно/неделно…).

Конфигурација според Вашата продавница.

Цената зависи од активната лиценца и модулите што ги користите. Бројот на наплатни точки, магацинското работење и потребата за мрежа или далечински пристап го одредуваат опфатот. Кажете ни што Ви треба — предлогот ќе го започнеме од таму.

Од поставување до првата сметка — со наша помош.

Почетната конфигурација и интеграција се вклучени во лиценцата. Кога е потребна лична посета за поставување во објектот, таа се наплаќа дополнително. На презентацијата ќе ги разгледаме Вашите уреди и начинот на работа за да го утврдиме потребниот опфат.

Покажете ни што Ви одзема време. Ќе тргнеме од реална продажба.

Од избор на артикл и наплата до дневниот извештај — побарајте демонстрација со ситуациите што секојдневно се повторуваат во Вашата продавница.

Закажи демо

Кој дел од продажбата сакате прво да го олесните?

Наплатата, артиклите или прегледот на прометот? Напишете ни како работи Вашиот објект и што Ви создава најмногу непотребни чекори. Ќе го насочиме демото кон Вашата продавница.

Закажи демо

Веќе знаете што Ви треба? Побарај понуда.

Адреса

Сутјеска бр.48/4, Штип 2000 МК

Телефони

+389 32 388 355

+389 78 853 013

Е-маил

info@digit.mk