Основна лиценца
Помалку пребарување. Појасен преглед на секојдневниот транспорт.
Тури, документи, комитенти и возен парк — основната лиценца ги организира клучните евиденции за Вашето работење.
Тури и транспортни документи
Која тура е во тек и каде се нејзините документи?
Евидентирајте релации, товарења, истоварења и статуси. Креирајте и архивирајте CMR, налози, патни налози и товарни листови според Вашата форма или шаблон.
Фактурирање и комитенти
Турата е завршена. Подгответе го следниот чекор.
Водете купувачи и добавувачи, адреси, услови и прегледи по партнер. Издавајте фактури и поврзани документи според конфигурацијата и Вашиот начин на работа.
Возила, возачи и потсетници
Кој рок е следен за возилото или возачот?
Водете евиденција за возила, приколки, возачи и основни податоци. Користете потсетници за регистрација, технички преглед, осигурување, документи за возачи и други рокови.
Трошоци, сервиси и гориво
Колкави се трошоците зад завршените тури?
Евидентирајте трошоци по возило, возач или тура и чувајте историја на сервиси. Внесувајте и следете потрошувачка на гориво по возило или возач, по потреба, со споредби и анализа.
Пресметки и исплата за возачи
Како ја пресметувате исплатата за Вашите возачи?
Водете евиденција и пресметки според Вашите правила — фиксно, по тура, со дневници или друг договорен начин. На демото ќе го разгледаме моделот што го користите.
Извештаи и анализа
Возило, возач или тура — кој преглед Ви треба?
Разгледајте извештаи по возило, возач, период, комитент, тура или трошок. Побарајте на демото да го видите токму прегледот што најчесто го подготвувате во работата.